Интернет-порталот MillitaryWatсh му посвети еден текст на американскиот лесен ловец F-16. Авторот на овој текст пишува дека на воздухопловната манифестација „Технофест-2019“, која пред една недела се одржа во Истанбул, се појавил рускиот елитен ловец Су-35. Тој тогаш им прикажал дел од своите летечки можности на заинтересираните посетители кои се собраа да го видат на аеродромот Ататурк.
И веднаш потоа се појавија споредби на рускиот ловец Су-35 со американскиот F-16, кој инаку се наоѓа во вооружувањето на турското воено воздухопловство. Бројни американски медиуми беа непријатно изненадени кога прочитаа дека нивниот авион е опишан како „ѓубре“ поради неговите ограничени можности.
Американскиот ловец влезе во оперативно вооружување 1978 година и неговата основна намена беше дополнение на главниот борбен авион F-15C Eagle. Од друга страна, Су-35 е авион за остварување доминација во воздух, кој повеќе може да се спореди со ловецот F-15C Eagle, пренесува интернет-порталот РГ.
Рускиот ловец има далеку поголем долет, побрз е во воздухот, може да понесе двојно поголема количина убојни средства. Од технолошки аспект, се работи за летало што е неколку децении пред секој американски авион.
Конкретно, зборуваме за мотори со променлив вектор на потисок, кои на овој авион му обезбедуваат екстремна маневарбилност во воздух. Има голем број на сензори со широко видно поле, вклучително и инфрацрвени уреди за детекција, како и моќен радар „Ирбис-Е“.
Покрај сето ова, Су-35 е авион наменет за извоз. Неговата цена е значително помала од застарените авиони F-16. На пример, НР Кина за потребите на своите воздухопловни сили набави 20 авиони Су-35 по цена од 83 милиони американски долари по единица.
Во оваа цена се вклучени сите трошоци поврзани со обуката на пилотите, вооружувањето, резервните делови, трансферот на технологија и одржувањето на инфраструктурата.
Турција има во план да набави значителна количина авиони-ловци, па во врска со тоа е можно дополнително да се коригира единечната цена по летало.
Истовремено Тајван, без оглед на големиот број купени авиони, нивната старост и значително послабите карактеристики, ги плати своите F-16 по цена поголема од 120 милиони американски долари по парче.
На крајот на овој текст авторот остава неутешен заклучок: Официјалните претставници од голем број земји, вклучително и САД и Сингапур, забележаа дека F-16 на светскиот пазар забрзано застарува.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче