Откриено колку ги чинеа Кинезите руските Су-35

Виталиј В. Кузмин

Вредноста на договорот за испорака на руски авиони-ловци Су-35 на Кина изнесува околу 2,5 милијарди долари, изјавија  претставници на државната корпорација „Ростех“ на маргините на Петербуршкиот меѓународен економски форум.

Како што е прецизирано, четири ловци Су-35 ѝ се испорачани на кинеската страна во 2016 година, а десет минатата година. До крајот на годинава Кина ќе ги добие 10 преостанати летала, пренесуваат руските медиуми,

Договорот за испорака на 24 ловци Су-35 од генерацијата  4++ Москва и Пекинг го склучија 2015 година. Минатото лето се појави информација дека Русија ќе го реализира договорот до крајот на 2019 година.

Кина во 2015 година официјално стана првиот странски купувач на Су-35 кои пред тоа се користеа само во Русија.

Су-35  е длабоко модеринизиран суперманеварски повеќенаменски ловец од генерацијата  4++.  Во неговото производство се применети технологии од петта генерација кои обезбедуваат доминација на авионот над еквивалентните воздухоплови.

Су-35 се произведува во фабриката за авиони „Гагарин“ во Комсомолск на Амур која е дел од компанијата „Сухој“.

Погледнете ги сите тајни на Су-35 во една видеоснимка

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња