Вежбите се одржаа на островот Болшевик на Архипелагот Нова Земја. На копното, кое сè уште е покриено од ланскиот мраз, му пријдоа големите десантни бродови „Александар Отраковски“ и „Кондопога“. Сепак, први излегоа од морето припадниците на специјалната нуркачка единица кои на командата на противбродскиот „Вицеадмирал Кулаков“ ѝ ги пренесоа точните координати на базата на непријателот за да можат 100-милиметарските топови веднаш да отворат оган.
Потоа беше извршен десант со хеликоптери, а на островот истовремено му се приближија„Александар Отраковски“ и „Кондопога“ од кои се истоварија оклопни возила БТР-82А.