Мета беше пловило што служеше како имитација на непријателски брод, се наоѓаше на 350 километри од „Омск“, но противбродска ракета „Гранит“ успешно ја погоди целта.
Пристапот до подрачјето на кое се изведуваше гаѓањето го затворија воените и помошните бродови на Тихоокеанската флота и трупите на североистокот на Русија, како и противбродските авиони и ловците МиГ-31 на морнаричката авијација на оваа флота.
Претходно на истото подрачје беа лансирани крстосувачки ракети од крстосувачот „Варјаг“ - главниот брод на Тихоокеанската флота, како и од два ракетни чамци. Крстосувачките ракети „Вулкан“ и „Москит“ ги погодија целите, од кои една беше оддалечена околу 500, а 130 другата околу 130 километри.
Нуклеарната подморница „Омск“ е во експлоатација од 1993 година. Во подморниците од овој проект се реализирани сите напредни технологии. Нуклеарните подморници од третата генерација се вооружени со крстосувачки ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче