Воен полигон Ашулук, Астраханска област
Global Look PressВоздушни цели имитираа јуришни беспилотни летала, балистички и крстосувачки ракети, како и авиони и хеликоптери.
„Тоа се мошне сложени цели кои летаа на висина од 50 до 100 метри. На пример, крстосувачка ракета лета со брзина од 250-300 метри во секунда, а нашите мети развиваа брзина од 550 метри во секунда. Покрај тоа, имавме и комплексна балистичка цел што леташе на висина од 35 километри по балистичка траекторија“, нагласи генерал-потполковник Јуриј Грехов, заменик-командант на Воздушно-космичките сили на Русија.
В ВС РФ началось стратегическое командно-штабное учение "Центр-2019".
— Минобороны России (@mod_russia) September 16, 2019
СКШУ проводится с 16 по 21 сентября 2019 года в соответствии с планом подготовки ВС РФ под руководством начальника ГШ ВС РФ – первого замминистра обороны России.#Минобороны#Армия#АрмияРоссии#Центр2019pic.twitter.com/pZy5Exxggi
Групата на противвоздухопловната одбрана во Астрахањската област ја сочинуваа ракетни системи С-400 „Триумф“, С-300 „Фаворит“ и С-300П „Волхов М6“, како и преносен противвоздушен ракетен систем „Панцир-С“.
Противвоздухопловната одбрана ја покриваа ловци МиГ-31, Су-27 и Су-35С. Покрај тоа, беа поставени и модерните радари „Небо-М“, „Каста“ и „Подљот“. Во маневрите учествуваа повеќе од 500 војници со 150 парчиња вооружување и техника.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче