Русија првпат го примени „Палантин“ – новиот систем за електронски пречки

Информативна служба на Западниот воен округ
На воена вежба кај Воронеж, посебниот баталјон за радиоелектронска борба првпат го примени најновиот систем „Палантин“. Тоа засега е единствениот таков систем во активните единици. Постои уште еден во вежбовниот центар во Тамбов, каде се обучуваат стручњаци за радиоелектронска борба на ниво на целата армија.

„Системот е првпат применет за покривање на здружените единици на југозападот на Русија. Според тактичкиот план на маневрите, „Палантин“ ќе се користи за заштита од непријателското ракетно-топовско и високопрецизно оружје“, соопшти информативната служба на Западниот воен округ.

„Палантин“ може да сокрие цела армија од непријателот. Возилата распоредени по должината на линијата на фронтот (а во комплетот се 22 возила) работат вмрежено и заеднички простираат над трупите невидлива, но непробојна завеса. Наместо вистински, овој систем може да испраќа лажни сигнали со чија помош се ориентираат непријателските бомби и ракети, така што проектилите се вртат и удираат по сопствените позиции.

„Најлесно е да се попречува сателитската навигација затоа што не е заштитена“, вели командирот на баталјонот, мајор Андреј Пестов. „Се разбира, своите станици не ги гибаме“.

Добрата страна на овој систем е отворената архитектура, благодарение на која може тој да ги потчини тесно специјализираните системи за радиоелектронска борба и со нивна помош да предизвика големи нарушувања во радиобрановите.

Со насочени електронски напади „Палантин“ онеспособува непријателските радари и комуникациските јазли, а патем на телефоните на непријателот испраќа стотици илјади СМС-пораки со наредба да се предадат.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња