Ескадрила фронтовски бомбардери слета на недовршен автопат во Татарстан (ВИДЕО)

Су-34

Су-34

Youtube
Министерството за одбрана на Руската Федерација објави видео од слетувањето на фронтовски бомбардери Су-34 и воено-транспортни авиони Ан-26 на дел од асфалтираниот автопат „Европа-Западна Кина“ кој е во изградба.

Авионите што слетаа на автопатот ќе учествуваат во специјален вид воена вежба на единиците за материјално-техничко обезбедување (МТО) на руската армија.

„На автопатот има одредени делници кои ќе бидат наменети за слетување на борбени авиони. На нив е формиран комплетен аеродром со складишта за гориво и убојни средства, како и со друга неопходна инфраструктура“, рекоа од информативната служба на Министерството за одбрана, пренесува интернет-порталот РГ.

По дополнувањето гориво и опремувањето со убојни средства, ловец-бомбардер Су-34 полета од автопатот. Исто така, беше организирано и обезбедување на пошироко подрачје околу аеродромот од кој полетаа авионите.

Во вежбата ќе учествуваат единици за материјално-техничко обезбедување од три воени окрузи, единици на ВКС и ВДВ. Bкупно ќе бидат ангажирани околу 30000 луѓе, над 7000 единици борбена техника, до 90 авиони и хеликоптери. Маневрите ќе се одржат под команда на заменик-министерот за одбрана, генерал на армија Дмитриј Булгаков и ќе траат до петок, 30 август.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња