Плоскат вител на ловец Су-57 (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави видеоснимка од акробатската фигура „плоскат вител“ што ја изведува најновиот руски ловец Су-57.

На снимката што ја објави телевизијата RT, се гледа како ловецот полетува од пистата, изведува акробатски фигури во кои се врти околу вертикална оска, а потоа се враќа на пистата.

Во вторникот претседателот на РФ Владимир Путин соопшти дека со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган разгледувал заедничка работа над ловците од петтата генерација Су-57 и заедничко производство на друга воена авионска техника.