Херој на Русија: „Не би советувал никому да ја тестира моќта на рускиот Су-57 на своја кожа!“

Слободан Ѓукиќ
Повеќенаменскиот авион-ловец од петтата генерација Су-57 е гордоста на Воздушно-космичките сили (ВКС) и нема пандан во светот, рече пробниот пилот и Херој на Русија Јуриј Вашчук во интервјуто за рускиот неделник „Ѕвезда“.

„Покрај минималната видливост за радарите што оперирраат во сите дијапазони, вклучувајќи го и инфрацрвениот спектар, овој авион има суперманеварбилност, како и способност да лета со суперсонична брзина без дополнително согорување. На сето ова треба да се додаде и неговата мултифункционалност, бидејќи покрај задачите за остварување надмоќ во воздушниот простор, Су-57 може ефикасно да се бори против копнени и поморски цели“, истакна Вашчук, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Тој додаде дека покрај тактичко-техничките карактеристики на овој авион, треба да се земе предвид и квалитетот на руските пилоти, конкретно, карактерните црти по кои се познати, а тоа се одлучноста и бестрашноста, како и високото ниво на пилотски вештини.

„Ако знаеме какви чудесни херојства за време на Втората светска војна беа во состојба да направат нашите пилоти со авиони направени од иверица, можете ли само да си замислите какви подвизи се подготвени да направат со овие машини! Не би советувал никому да ја тестира моќта на рускиот Су-57 на своја кожа“, категоричен е Херојот на Русија, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.

Вашчук исто така рече дека ќе продолжат работите за зголемување на борбените способности на новиот авион, кои практично никогаш нема ни да запрат за време на неговиот животен век.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

Неговиот прв лет беше реализиран во 2010 година. Авионот може да достигне максимална брзина од 2600 км/ч и да достигне долег до 4300 км. Неговиот напаѓачко-навигациски комплекс, кој е зајакнат со моќен радар со антенска фазна решетка, може истовремено да следи до 30 различни воздушни цели на оддалеченост од неколку стотици километри. За време на неговиот опитно-контрукторски развој беа направени 10 експериментални летала. Во меѓувреме, леталото помина низа сложени тестирања, вклучувајќи и блок тестирања во зоната на воени дејствија реализирани на сириското небо. Руската армија има во план во следната деценија да набави до 80 вакви летала.

Прочитајте повеќе: Во Русија стартуваше сериското производство на ловци Су-57

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња