Прикриено испловување на нуклеарни подморници (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет е објавена видеоснимка од маневрите на подводните сили на Тихоокеанската флота во Виључинск на Камчатка.

На маневрите е увежбувано прикриено испловување на две подморници од проектите 671 и 949А од базата во отворено море, пренесува РИА „Новости“.

Екипите за радијациска, хемиска и биолошка заштита направија аеросолен облак кој беше искористен како чадна завеса, додека борците на специјалниот одред за борба против подводни диверзантски сили и средства применија гранати.

Во воената вежба учествуваа реморкери на одредот за снабдување, специјални пловила и преку 50 војници.