Медиуми во САД: Има ли шанса „Супер Хорнет“ да се спротивстави на кинескиот Ј-20 и рускиот Су-57?

marsonline
Американците се воздигаат во усовршен систем на инфрацрвено пребарување и следење (IRST) кој ќе им даде на ловците „Супер Хорнет“ способност за детекција и за следење на најсовремените борбени авиони со минимална радарска рефлексија.

Како што неодамна пишувавме, компаниите „Локхед Мартин“ и „Боинг“ потпишаа два договори кои се однесуваат на модернизација на сензорскиот систем IRST21 со кој ќе бидат опремени модернизираните ловечки авиони Ф/а-18Е/ф „Супер Хорнет“ кои се наоѓаат во составот на ВМ на САД.

Американскиот Интернет-портал „Нешионал интерест“ пренесува дека новиот, усовршен систем за инфрацрвено пребарување и следење (IRST) ќе им овозможи на американските ловци-бомбардери можност за детекција и за следење на најсовремените борбени авиони кои постепено ги воведува во своето вооружување условниот непријател. Ова пред сè се однесува на авионите од петтата генерација кои поседуваат стелтни карактеристики, а најрепрезентативен примерок засега се кинеските ловци Ј-20 „Ченду“ и руските Су-57. Згора на тоа, по интеграцијата на модернизираниот комплекс IRST21 на американските борбени авиони, ќе се добие сигурно средство кое е отпорно на системите за противелектронска борба кои се вградуваат и на руските и на кинеските авиони од петтата генерација, пренесува Интернет-порталот Иносми.РУ.

„Програмата за модернизација на стратегискиот блок на американската воена морнарица ќе овозможи брзо подигнување на технологијата на уште повисоко ниво со истовремено скратување на времето за опремување на нашите сили“, вели Пол Лемо, заменик-претседател на компанијата „Локхед Мартин мисајлс енд фајр контрол“. „Ние сме премногу задоволни што можеме да работиме на модернизација од програмата Блок 2, и да ја зголемиме ефикасноста на системот IRST21“, вели Лемо. Претставници од компанијата „Локхед Мартин“ соопштија дека планираат да потрошат 100 милиони американски долари за „развој на ново софтверско обезбедување, модернизација на опремата и изработка на прототип“, пренесува порталот Бог рата.

„Оваа работа ќе овозможи зголемување на докажаните способности на системот IRST21 кога станува збор за откривање и за следење цели во услови на борба, кога радарот е неупотреблив“, соопштуваат од информативната служба на американската компанија. „Во споредба со радарите, IRST21 многу попрецизно ги детектира своите цели, што на пилотите им овозможува да ја определат точната локација на летечкиот објект на поголема оддалеченост. Ваквата способност овозможува целта да ја видиме пред нашиот противник и со самото тоа прв да изврши удар врз него. Ова се клучните предности во воздушната борба, кои во голема мера го зголемуваат степенот на преживување во ваквите мисии“, пренесува компанијата.

Треба да се спомене дека овој момент компанијата Боинг работи на модернизација на програмата Блок 3 „Супер Хорнет“, што ќе ја зголеми способноста за пресретнување на малогабаритни воздушни цели, што е една од главните предности на новиот авион. Оваа програма ќе овозможи продолжување на животниот век на авионите од 4 генерација до средината на четириесеттите години од овој век.

„Сензорот IRST е клучна новина со која Супер Хорнет во голема мера ќе го зајакне воздухопловниот потенцијал на воената морнарица, а кој никој во светот ќе го нема“, вели Ден Џилијан, раководител на програмата Ф/А-18 и ЕА-18Г во рамките на компанијата Боинг. „Тој ќе овозможи борба против воздушните цели со мала радарска рефлексија“, нагласува американскиот експерт за воздухопловна техника.

Како што веќе објаснивме, модернизираниот сензор IRST21 е само една од неколкуте новини со кои командата на ВМ на САД планира да го зајакне својот основен борбен авион „Супер Хорнет“. Во април годинава ВМ на САД со компанијата „Џенерал електрикс“ склучи договор вреден 114.8 милиони американски долари за интеграција на нови мотори на авионите Ф/а-18 „Супер Хорнет“ и ЕА-18Г.

Новите мотори за овие авиони што ги произведува компанијата „Џенерал електрикс“ најверојатно ќе бидат од моделот ЕПЕ кои се карактеризираат со напредни можности во однос на стандардниот мотор Ф-414-ГЕ-400. Работата на развојот на овој мотор започна во 2009 година. Според информациите што доаѓаат од компанијата, моторот ЕПЕ ќе има поголем степен на отпорност од оштетувања кои се јавуваат за време на контактот со друго тело, мала потрошувачка на гориво и сила на потисок за приближно 20%.

Но, за разлика од претходниот модел на компанијата Боинг кој го доби звучното име Адвенсд Супер Хорнет (проектот беше претставен во 2013 година), новиот авион Блок 3 сепак ќе има поскромни барања и повеќе ќе биде наменет за обезбедување дополнителна поддршка на останатите авиони од првиот ешалон (повеќенаменските невидливи ловци од петтата генерација Ф-35Ц на компанијата „Локхид Мартин“, летачките радари Е-2Д Адвенсд Хокај што ги произведува компанијата „Нортроп груман“ и авионите за противелектронска борба ЕА-18Г).

Сепак, развојните инженери на проектот Блок 3 и понатаму планираат унапредување на авионот „Супер Хорнет“ кое вклучува модернизација на софтверскиот пакет и на постоечката опрема. Понатамошната фаза на усовршување веројатно ќе опфаќа модификација на силните радарски станици опремени со активна фазна решетка Рејтеон АН/АПГ-79, интегрирани системи за противелектронска борба АН-АЛКју-214, а исто така и оптичко-електронски систем АН/АСГ-34 со сензорот IRST21.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња