Феномен на поп-културата и симбол на револуцијата: „Калашников“ во рацете на познати личности (ФОТО)

Наука и технологија
ИГОР РОЗИН
Пред 70 години Русија го направи „Калашников“ (АК-47), кој брзо се здоби со светска слава. Дури и најпознатите личности во светот, како поп-sвезди, политичари и спортисти, се сликаа со оваа автоматска пушка во рацете.

„Калашников“ е симбол на револуцијата што дури и највлијателните личности, како што е Мадона, со задоволство сакаат да го искористат во градењето на својот имиџ или во своите настапи. Оваа пушка стана составен дел на поп-културата поради една посебна причина.

На почетокот на 40-тите години на минатиот век беше создадена нова класа мало оружје: јуришните пушки. Најпрви се појавија во рацете на нацистичките војници, а потоа го освоија и светското производство на оружје. И Советскиот Сојуз не беше исклучок во усвојувањето на ова ново, ефикасно оружје.

Неколку години подоцна, во СССР беше произведена првата јуришна пушка АК-47, со уникатна рамка за куршуми во средината. Во новата надградена верзија производителите го зголемија потенцијалот на оружјето и од „Калашников“ направија една од најмоќните автоматски пушки во тоа време.

Новиот АК-47 овозможи рафална стрелба и погодоци на растојание до 200 метри со моќните куршуми калибар 7,62х39 мм, кои можеа да продрат во ѕид од цигла.

Сепак, оваа нова советска автоматска пушка мораше да претрпи уште бројн модификации за да стане едно од најраспространетите оружја во светот. Нејзиниот главен проблем во раните фази на производството беше прецизноста на гаѓањето, односно нејзиниот целосен недостаток.

Со помош на заробените германски инженери од фабриката „Шмајзер“ за време на Втората светска војна, Москва успеа да го отстрани овој недостаток и да произведе една од најсигурните пушки кога било направени. Таа можеше да издржи песок, прашина и вода и пука во сите временски услови, што не може да се пофали голем број пушки (и оружја воопшто).

Оваа сигурност, заедно со едноставноста на производството, беше тајната на глобалниот успех на „Калашников“.

Денес во светот има околу 100 милиони официјално произведени „Калашникови“. А веројатно има уште повеќе негови копии во земјите од третиот свет. Копии често може да се видат во рацете на таканаречените борци за слобода или партизаните.

Покрај тоа, „Калашниковите“ се поевтини од директната конкуренција. На пример, основниот модел АК-47 чини околу 300-500 долари, додека за пушката АР-15 треба да се издвои најмалку 1000 американски долари.

Прочитајте повеќе: Од Кина до Данска: Варијанти на „Калашников“ од цел свет (ФОТО)