Во Русија патентирана модуларна лего-пушка?

Press photo
Централниот научно-истражувачки институт за прецизна механика (ЦНИИточмаш) доби патент за изработка на модуларно огнено оружје кај кое можат да се менуваат елементите (модулите) во зависност од желбата на корисникот при преминувањето на друг тип муниција. Ова го соопшти информативната служба на институтот.

„Патентот што развија руските оружари ќе овозможи употреба на муниција со различни калибри со помош на замена на пушчената цевка, носачот на затворачот и рамката, како и на различните типови унифицирани куќишта за дополнително „затегнување“ на оружјето, кое исто така ќе овозможи и интеграција на повеќе типови механизми за повлекување на чкрапалото. Покрај тоа, овој патент го поедноставува склопувањето и производството на делови за ново оружје“, истакнаа од институтот ЦНИИточмаш.

Овој вид пушка ќе биде многу погоден за страсните ловци. Имено, наместо да вадите бројни дозволи за неколку типови стрелечко оружје, во перспектива ќе биде потребна само една. Доколку сакате да ловите конкретен дивеч со одреден калибар, доволно е да имате пушчена цевка што лесно може да се замени во теренски услови, без употреба на специјални алатки, пренесува интернет-порталот РГ.

Основната идеја на овој проект е зголемување на ергономските квалитети и сигурноста на модуларното стрелечко оружје кое ќе биде компатибилно со целата серија модули што ќе се произведуваат во перспектива. Исто така, при развојот на оваа пушка беа отстранети сите технички недостатоци што се забележуваа кај странските пандани.

Денес во светот се произведуваат неколку видови модуларно стрелечко оружје. Еден од најблиските конкурентни производи на рускиот проект за модуларно стрелечко оружје е германскиот ловечки карабин „Маузер М03“. Меѓутоа, германскиот пандан има потешко куќиште, како и неможност за манипулација кога станува збор за должината на оружјето поради фиксната положба на рамката и механизмот за повлекување на чкрапалото.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња