Првиот дивизион системи 96К6 „Панцир-С1“ стапи на борбено дежурство во единиците за ПВО на Арктикот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Според информативната служба на Северната флота, станува збор за систем кој на најдобар можен начин може да ги изврши сите свои задачи на топографски многу изискувачкиот терен каков што е полуостровот Кола. Операторите кои ќе управуваат со овие системи имаат и драгоцено воено искуство стекнато на просторот на Сирија.

Првиот дивизион хибридни ракетно-топовски ПВО-системи со мал дострел стапи на опитно-боево дежурство кое ќе се реализира во рамките на единиците на Северната флота. Ова го соопшти информативната служба на флотата, пренее рускиот интернет-портал ТАСС.

„ПВО-единиците на полуостровот Кола го добија првиот дивизион опремен со системи „Панцир-С1“. Овој дивизион ќе биде наменет за заштита на главните поморски објекти на овој полуостров“, се вели во соопштението на Северната флота.

Според информативната служба на Северната флота, овој дивизион ќе биде исклучително употреблив на топографски изискувачкиот Колски полуостров, на кој инаку се наоѓаат главните сили на Северната флота.“Панцир-С1“ ќе го покрива воздушниот простор над важни воени објекти и инсталации и ќе обезбеди висок степен на заштита од сите воздушни објекти, вклучително и летала со мали димензии.

Системите „Панцир-С1“ почнаа да пристигнуваат во единиците на Северната флота при крајот на 2018 година. Војската што ќе го сочинува новоформираниот дивизион помина преобука за новите системи, што беше крунисано со боево гаѓање на полигонот Ашулук во Астраханската област. Огромното мнозинство на оператори на системите „Панцир-С1“, кои ќе бидат дел од ПВО-групацијата на мал Северната флота на полуостровот Кола, имаше и реално борбено искуство во Сирија.

96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со мал дострел, наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите модерни и перспектива средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на периодот на денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба. Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива далечина до 5000 метри. Топовите дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи и против копнени и надводни цели.