Крим: „Панцир-С1“ за еден ден уништија преку 100 крстосувачки ракети

marsonline
Екипажите кои ги опслужуваат хибридните ракетно-топовски системи „Панцир-С1“ изведоа воена вежба во која се уништени повеќе од 100 крстосувачки ракети на условниот непријател. Вежбата ја реализираа единиците на Јужниот воен округ кои се наоѓаат на полуостровот Крим, соопшти информативната служба на округот.

„Повеќе од 100 цели на условниот непријател уништија единиците за ПВО опремени со хибридните ракетно-топовски системи со мал дострел 96К6 „Панцир-С1“ кои се наоѓаат во состав на Јужниот воен округ на полуостровот Крим. Оваа активност е реализирана во рамките на еднодневната воена вежба во која главната цел беше борба со непријателски крстосувачки ракети и беспилотни летала ", се наведува во соопштението што го пренесува рускиот интернет-портал ТАСС.

Понатаму, во соопштението се наведува дека ракетните екипажи на ПВО имале задача да детектираат, следат и уништат малогабаритни воздушни цели кои се движеле многу ниско, со супсонична крстосувачка брзина, пренесува порталот marsonline, 

96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со мал дострел, наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите модерни и перспектива средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на периодот на денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба. Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива далечина до 5000 метри. Топовите дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи и против копнени и надводни цели.

Еднодневните боева гаѓања кои имаат за цел обука на ПВО-екипажите за борба против крстосувачки ракети и беспилотни летала, се изведуваат на повеќе од 30 воени полигони на територијата на Јужниот воен округ. Вкупно се ангажирани 1500 војници и офицери со околу 50 единици борбена техника која се состои од ПВО-системи, борбени бродови и авиони.

Погледнете го видеото: Противвоздушниот систем „Панцир-С1” на гаѓања покажа снајперска прецизност

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња