Како изгледа кога руски специјалци одблиску пукаат едни во други (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
На интернет е објавена видеоснимка од тестирање на панцир за руските специјалци. На снимката од тестирањето војниците симулираат борбени услови, пукајќи еден во друг одблиску со боева муниција.

Снимката е објавена на јутјуб-каналот на компанијата Raidgear и го демонстрира квалитетот на панцирните елеци на компанијата МВС. Специјалците стојат блиску еден до друг и пукаат во труп, користејќи боева муниција.

Компанијата објави дека до 1 декември 2019 година е зафатена со исполнување на државен договор.

Според податоците на Telegram-каналот „Военный Осведомитель” (Воен информатор), во тестирањето учествувале припадници на специјални единици на управата на Федералната служба за безбедност на еден од руските региони.

Војниците во Русија го користат панцирот „Ратник-2” кој може да издржи 10 погодоци со снајперска пушка.