Видео: Погледнете снимка од тестирањето на рускиот егзоскелет за супервојници!

Слободан Ѓукиќ

Новинарите на ТВ каналот „Ѕвезда“ го испробаа егзоскелетот што ќе го носат руските војници на иднината.

Како една од сензациите на форумот „Армија 2018“, пасивниот егзоскелет за руската војска му беше предаден на новинарот на ТВ каналот „Ѕвезда“ за испитување. Тој веднаш го стави на рамениците својот камерман и потрча.

За разлика од западните модели, рускиот егзоскелет нема сензори и серво мотори. Таквата, активна верзија е исто така во фаза на развој, но тајната на успехот на пасивниот егзоскелет е во неговата едноставност и сигурност што може да се спореди со познатата пушка „Калашников“. Карбонскиот скелет со зглобови и шарки ги покрива нозете, струкот и рамениците, при што рамномерно ја распоредува масата на товарот. Војникот опремен со овој додаток може со леснотија да носи ранец од 50 килограми и друга опрема. Во текот на испитувањата во Сирија, егзоскелетите многу им помогнаа на руските инженерци така што им овозможија да носат многу нешта со себе. Овој новитет особено им се допадна на операторите на инженерските роботи „Уран-6“ затоа што нивната контролна табла и комуникациската опрема се многу тешки.

Новиот примерок опрема го испробаа и новинарите. Егзоскелетот се облекува за минута, а се соблекува за 20 секунди, додека товарот закачен на грбната платформа со леснотија и стабилност се спушта. За да се направи ова доволно е да се повлече специјалниот ремен. Облечен во егзоскелет, новинарот беше во состојба да трча со ранец од 50 килограми на грбот додека неговиот камерман стана двојно полесен.

Прочитајте повеќе: Егзоскелет, „тесен“ оклоп и шлем: Како ќе изгледа опремата на војникот од новата доба?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња