Русија против Кина: Чии специјалци имаат подобар оклоп? (ВИДЕО)

Скриншот
Водителот на емисијата „Жешко олово“ (Hot Lead) Николај Литовкин направи паралелно испитување на рускиот и на кинескиот балистички оклоп за специјалните единици. Еве ги резултатите:

Од руска страна, кандидат е панцирната плоча што се произведува во Новосибирск и за која производителот тврди дека пружа заштита дури и од силните снајперски куршуми на пушката СВД. Од друга страна е неидентификувана панцирна плоча увезена од Кина.

Отпорноста на панцирните плочи најпрвин е испитувана при дејство на пиштол од словачко производство Grand Power К100 со калибар 9х19 мм. Рускиот оклоп беше речиси недопрен, меѓутоа на големо изненадување, куршумот од пиштолот се заби речиси до половина на кинеската панцирна плоча.

Експериментот потоа продолжува со сачмарка Magnum со калибар 12. Сачмата не го проби кинескиот панцир, но направи големо испупчување од внатрешната страна што кај корисникот несомнено би довело до контузија, па и до скршени ребра. Рускиот оклоп исто така „заработи“ испупчување, но далеку помалку од својот кинески конкурент.

Редот дојде на „Калашников“, со својот познат калибар 7,62х39 мм, макар што до тој момент веќе и самиот водител забележува дека „нема многу смисла да се пука понатаму“. Употребениот модел ѝ припаѓа на генерацијата автомати од 1969 година. Неговиот „удар“ во кинескиот оклоп направи од задната страна испупчување кое сосем сигурно би го убило корисникот. Од друга страна, испупчувањето од внатрешната страна на руската панцирна плоча беше речиси занемарливо.

Во следната етапа на експериментот е употребен рускиот снајпер ДВЛ10 М2, но со НАТО муниција .308 Winchester. Овој куршум речиси целосно ја растури композитната керамика на кинеската панцирна плоча и направи огромно испупчување од внатрешната страна, додека кај русиот модел испупчувањето повторно беше незначително.

Конечно, последната етапа на тестирањето е изведена од разорната снајперска пушка ТСВЛ-8 „Сталинград“, и тоа со муниција .338 Lapua Magnum. Овој куршум од задната страна на кинескиот панцир буквално направи топка, додека кај рускиот конкурент испупчувањето беше малку поголемо од претходно, но и понатаму релативно мало.

Сѐ на сѐ, нема никаков сомнеж дека балистичката заштита од руско и кинеско производство не може да се споредува.

Ајде да провериме како челична врата поднесува руски и НАТО куршуми (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња