„ Во парадниот строј се најдоа дизел-електричната подморница „Стари Оскол“, фрегатата „Адмирал Григорович“, патролниот брод „Питливи“, малите ракетни бродови „Велики Устјуг“ и „Углич“, како и помошните бродови за ремонт, влеча, противидиверзантск и патролни чамци“, се наведува во соопштението на информативната служба на Министерството за одбрана на РФ што го пренесува РИА „Новости“.
Покрај бродовите, во парадата учествуваше и во руската воздухопловна група во Сирија. Над Тартус прелетаа фронтовски бомбардери Су-24М, повеќенаменски ловци-бомбардери Су-34 и Су-35, воено-транспортни хеликоптери Ми-8АМТШ и ударни Ми-35М. „Авионите на Воздушно-космичките сили на Русија во параден строј прелетаа над акваторијата на пристаништето Тартус“, пренесе информативната служба на Министерството за одбрана на РФ.
Покрај тоа, по повод Денот на ВМФ на фрегатата „Адмирал Григорович“ се одржа свечена церемонија во која беа наградени морнарите и екипажите на бродовите за одличните резултати во борбената способност прикажана при решавањето на бројни задачи во акваторијата на Средоземното Море.
Парадата заврши со практична демонстрација на способностите на руската оперативна поморска група, која со своите ефективи се наоѓа во источниот Медитеран.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче