Завршена првата фаза од испораката на С-400 на Турција

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за национална безбедност на Турција соопшти дека е завршена првата фаза од испораката на С-400.

Се наведува дека првата партија на системите С-400 е доставена во воздухопловната база Муртед во Анкара.

Како што се прецизира, за реализација на испораката се изведени триесет летови на транспортни авиони.

Истовремено се истакнува дека и втората партија ќе биде доставена во Анкара.

Претходно турски официјални лица изјавија дека руските противвоздухопловни системи С-400 се подобри од американските системи „Патриот“.