С-400 на шлепери: Како Турците го организираат транспортот на новодојдената борбена техника

marsonline
Според последните податоци, досега околу 15 пати на пистата на еден турски аеродром што се наоѓа во близина на Анкара слетал тежок воено-транспортен авион Ан-100-400. Овој авион има способност да транспортира габаритна техника каква што се наоѓа во склоп на ракетниот комплекс С-400.

Се појавија и првите фотографии од аеродромот од кои се гледа како Турците товарат одделни компоненти на системот С-400 на камионски платформи MAN со специјални полуприколки. Една од нив е и логистичката машина 5T99/22T6 која е исклучително важен дел од целиот комплекс, пренесува порталот Marsonline. 

Логистичката машина 5T99/22T6 е составен дел на ракетните системи за противвоздухопловна одбрана С-300/400. Нејзината главна намена е товарање, истоварување и претоварување на противвоздухопловните ракети 5В55/48Н6/40Н6 кои се наоѓаат во транспортно-лансирните контејнери, на огнените единици на комплексот 5П85ТЕ2 и/или 5П85СЕ25P85TE2. Ова возило може да се користи во практично сите операции за товарање, истоварување и претоварување на товар што е специфично поврзан со комплексот С-300/С-400. Неговата носивост е до 6000 кг. 5T99/22T6 се наоѓа на шасијата на камион КрАЗ-255Б. Возилото е долг 10 метри, а неговата тежина достигнува 22400 килограми.

Рускиот противвоздухопловен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите модерни и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 километри (ракета 40Н6E), додека во висина дејствува и до 35 километри.

Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто се наоѓаат 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели, во оперативен борбен радиус до 400 км.

Прочитајте повеќе: Турците на улица се радуваат на набавката на ПВО-системите С-400

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња