Турците не застануваат на С-400: Сакаат ПВО-системи со различен дострел и противтенковски орудија

Дмитриј Виноградов/Sputnik
Анкара е заинтересирана да набави руски противавионски системи со различен дострел, како и противтенковски орудија, изјави првиот човек на државниот концерн „Ростех“ Сергеј Чемезов.

„Турција покажа интерес за руските ПВО-системи со различен дострел, но и за противтенковските орудија“, ги цитира зборовите на Чемезов интернет-порталот РИА „Новости“ повикувајќи се на турската агенција „Анадолу“.

Чемезов истакна дека Москва и Анкара ги продолжиле преговорите за „можностите за производство на одделни компоненти за системите С-400 кои се наоѓаат во Турција“, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

Првиот човек на „Ростех“ нагласува дека Русија и Турција веќе започнале преговори за низа проекти во сферата на одбранбената индустрија, вклучувајќи и соработка по прашањето за производство на системи за модерните авиони и хеликоптери, склопување на оклопна борбена техника, како и за начините на одржување на купената борбена техника.

Претпоставката е дека се работи за системите со мал и среден дострел (Панцир-СМ, Тор и Бук-М2/М3) кои треба да ја обезбедат ешалонираната одбранбена зона за системите со долг дострел С-400 „Триумф“.

Првите информации за преговорите меѓу Русија и Турција за набавка на системот С-400 „Триумф“ се појавија во медиумите во ноември 2016 година. По првите неформални разговори, многу брзо се помина на конкретни чекори кои резултираа со потпишување на голем договор за купопродажба вреден 2,5 милијарди долари. Овој договор беше потпишан на 12 септември 2017 година. Неговата практична реализација почна на 12 јули оваа година, кога првиот тежок воено-транспортен авион Ан-100-400 слета на турски воен аеродром со првите елементи на комплексот.

По тој повод се огласи и првиот човек на ова земја Реџеп Таип Ердоган, кој во говорот одржан во Истанбул по повод тригодишнината од обидот за државен преврат изјави дека рускиот противвоздухопловен систем С-400 е најмоќниот одбранбен систем на светот.

Според процената на западните медиуми, купувањето на системите С-400 од страна на членка на НАТО како Турција произвело „тектонски удар“ во геополитичка смисла.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња