На интернет се појави дизајнот на амблемот што ќе го користи првиот турски ПВО-дивизион наоружан со руските системи со голем дострел С-400 „Триумф”, пренесува порталот „Бог-рата“.
Првите информации за преговорите меѓу Русија и Турција за набавка на системот С-400 „Триумф“ се појавија во медиумите во ноември 2016 година. По првите неформални разговори, многу брзо се помина на конкретни чекори кои резултираа со потпишување на голем договор за купопродажба вреден 2,5 милијарди долари. Овој договор беше потпишан на 12 септември 2017 година. Неговата практична реализација почна на 12 јули оваа година, кога првиот тежок воено-транспортен авион Ан-100-400 слета на турски воен аеродром со првите елементи на комплексот.
По тој повод се огласи и првиот човек на ова земја Реџеп Таип Ердоган, кој во говорот одржан во Истанбул по повод тригодишнината од обидот за државен преврат изјави дека рускиот противвоздухопловен систем С-400 е најмоќниот одбранбен систем на светот.
Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км.
Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче