Русија ѝ го испорачува на Кина вториот полк системи С-400

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Испратена првата партија компоненти на противвоздухопловните ракетни системи С-400 „Триумф“ за вториот полковски комплет што го порачаа Кинезите.

„Транспортниот брод со техника отплови од пристаништето Уст-Луга во Балтичкото Море“, соопшти за агенцијата ТАСС извор во воено-дипломатските кругови, истакнувајќи дека испораката, како и во случајот со Турција, почнала неколку месеци пред рокот наведен во договорот.

За испорака на целиот полковски комплет „Триумфи“ ќе бидат потребни најмалку три брода. Тие ќе испловат за Кина во помали временски интервали.

Кина е првата странска држава што го купи С-400. Договорот за испорака на два полка со системот за ПВО беше потпишан во 2015 година. Првиот комплет кинеската страна на кинеската страна го доби пролетта 2018 година, а есента истата година го тестираше.

Два ракети „Триумф“ уништија две цели - аеродинамична и балистичка, и тоа на максимално растојание. Кинеските воени стручњаци се задоволни од функционирањето на системот, а во врвот на Народноослободителната војска на Кина С-400 е окарактеризиран како „најдобриот противвоздухопловен систем на светот“.

Екипажите на идниот втор полк „Триумфи“ научија да ракуваат со системот во руски центар за обука.

Кинезите презадоволни од системот С-400: Успешно пресретната балистичка цел на 250 км