Русија би можела да отвори во Кина сервисно-ремонтен центар за системи за противвоздушна одбрана со голем дострел, соопшти директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка (ФСВТС) Дмитриј Шугаев.
„Имајќи предвид дека Кина продолжува да користи ПВО-системи од типот С-300, како и да го набавува најновиот С-400, воспоставувањето на ремонтен центар за далекуметни системи за ПВО би било логично и економски исплатливо“, изјави Шугаев за „Интерфакс“.
Тој соопшти и дека во 2017 година во Кина е отворен ремонтен центар за системите за противвоздушна одбрана Тор-М1.
„На различни стадиуми на развој се наоѓаат и проекти кои се однесуваат на сеопфатни сервисно-ремонтни центри за хеликоптери и воздухопловни мотори“, додаде директорот на службата.
Претходно руски системи за противвоздушна одбрана со различен дострел кои ги произведува А.Д. „Алмаз-Антеј“, вклучувајќи С-300, „Тор“ и „Бук“, ѝ беа испорачани на Кина.
Русија е и во фаза на исполнување на договорните обврски поврзани со испораката на напредниот ПВО-систем С-400 на Кина.
Шугаев ја предводи руската делегација на воздухопловниот саем Airshow China 2018 во градот Џухај, на југоистокот на Кина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче