Кои се вистинските опасности од руската апликација FaceApp за вашата приватност?

Сергеј Пјатаков/Sputnik; FaceApp
Апликацијата која ја менува возраста на луѓето првин испровоцира флешмоб, а потоа предизвика страв од злоупотреба на личните податоци.

Кој ја создаде FaceApp?

Јарослав Гончаров, дипломец на Факултетот за математика и механика на Санктпетербуршкиот државен универзитет и основач на FaceApp, ги принуди луѓето да стареат и да се смеат на фотографиите.

Пред тоа тој работеше како технички директор во SPB Software, компанија која развива апликации и игри за мобилни уреди и паметни телефони. Во 2011 година SPB Software беше откупена од руската интернет-компанија „Јандекс“ за 38 милиони долари. Во 2013 година Гончаров ја напушти „Јандекс“ и основа своја сопствена компанија  Wireless Lab, исто така специјализирана за апликации за мобилни уреди.

Компанијата се занимаваше со развој на неколку проекти базирани на обука на нервни мрежи, но FaceApp беше првата што оперираше. Апликацијата се појави во AppStore на крајот на јануари 2017 година. Во февруари излезе верзија на апликацијата за Android, а во април истата година FaceApp стана навистина вирална и го зазеде првото место на листата на апликации на AppStore во Америка, Велика Британија и други земји.

Што може FaceApp?

Пред сѐ, да го направи човекот на фотографијата постар или помлад, а исто така и да му го смени полот или да му додаде насмевка.

Дополнително, апликацијата ја менува бојата на косата, додава шминка и црта бради. Можете исто така да купите про-верзија – таа отвора дополнителни филтри, отстранува воден печат од уредувани фотографии и ги исклучува рекламите. Тоа чини 249 рубли месечно (3,99 долари), 1490 рубли годишно (19,99 долари) и 2990 рубли за неограничено (39,99 долари).

Претходно фотосервисот содржеше таканаречен „жежок“ (hot mode), меѓутоа, по жалбите дека ја осветлува кожата на луѓето и го прави нивниот изглед поевропски, филтерот беше отстранет, а компанијата се извини.

Притоа во август 2017 година FaceApp, исто така, воведе „етнички“ филтри, кои ги правеа луѓето „Азијци“, „белци“, „црнци“ и „Индијанци“.

Како резултат на тоа, Гончаров ги отстрани и овие филтри откако беше обвинет за расизам.

Зошто одеднаш сите се сетија на FaceApp во јули 2019 година?

Тешко е да се одговори недвосмислено. Еден од факторите беше тоа што резултат од работата на невронската мрежа во новата верзија на апликацијата стана поквалитетен - уредените фотографии навистина се покажуваат како веродостојни.

Најчесто користен е филтерот за „стареење“. На социјалните мрежи се појави дури и хаштаг #faceappchallenge, според кој луѓето ја зголемуваат својата возраст користејќи ја апликацијата. Во моментов според хаштагот може да се најдат 76,6 илјади постови на „Инстаграм“.

Една од руските кориснички на „Инстаграм“, на пример, го остаре лицето на познатата руска чоколада „Аленка“.

Филтерот почнаа да го користат познатите руски личности. Една од првите што се приклучи на флешмобот беше познатата телевизиска водителка и претседателски кандидат на последните избори Ксенија Собчак.

Таа исто така објави фотографии на остарениот претседател на Русија Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев и портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

На Хабиб Нурмагомедов ни на стари години се чини никој нема да смее да му излезе на мегдан! 

Уредникот на изданието Comic Book Брендон Дејвис покажа како би можел да изгледа Спајдермен во 2099 година.

Не беше одмината ни „Играта на тронови“. 

Еден графички дизајнер од Мароко ја искористи апликацијата за да создаде лажна рекламна кампања за брендот „Нивеа“.

Дали апликацијата краде лични податоци?

Во политиката за приватност на FaceApp се вели дека апликацијата собира податоци за локацијата на корисникот и целата историја на прегледи на веб-страници. Покрај тоа, апликацијата знае какви други услуги користите, од каков паметен телефон се вклучувате. Се разбира, апликацијата има пристап до фотографиите кои се поставуваат преку апликацијата или „Фејсбук“. Навистина, вториот случај е релевантен само за оние кои се најавиле преку социјалната мрежа. Листата на податоци, исто така, вклучува и „други информации кои помагаат за подобрување на услугата“. За каков вид на информации станува збор, не е прецизирано.

Креаторите на FaceApp тврдат дека нема да ги пренесуваат или продаваат корисничките податоци на трети страни и дека сите информации се безлични. Сепак, компанијата не го крие фактот дека ги споделува информациите со „приврзаници на рекламни партнери“.

Тоа се покажа како доволно за некои корисници да сметаат дека зад FaceApp стојат руски хакери.

Слична политика на приватност користи и „Фејсбук, најпопуларната социјална мрежа во светот. Затоа работата не е во опасноста, туку во тоа колку корисниците самите се подготвени да ги споделат своите лични информации.

Генералниот директор на FaceApp Јарослав Гончаров во моментот на објавувањето на овој текст не одговори на прашањата на Russia Beyond.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња