Авторот на публикацијата објави список на најбрзите борбени авиони, кој ќе го презентираме во обратен редослед:
Петти на списокот е советскиот тежок повеќенаменски ловец од четвртата генерација Су-27. Првпат полета во мај 1977 година, воведен е во оперативна употреба 1985 година. Максималната брзина што овој авион ја достигна на висина од 11000 метри е 2500 км/ч. Инаку, американското воздухопловство поседува четири вакви авиони кои се користат за обука на пилоти.
Четвртиот е советскиот и руски ловец-пресретнувач МиГ-31. Овој авион првпат полета во септември 1975 година. На мали височини може да лета со суперсонична брзина од 1500 км/ч. На големи височини МиГ-31 оствари брзина од 3000 км/ч, додека неговата брзина на крстосување на големи височини изнесува 2500 км/ч (2,35 маха).
Во средината се наоѓа американскиот ловец- бомбардер F-15E Strike Eagle, кој првпат полета кон крајот на 1986 година. Тој има способност да развие максимална брзина од 3017 км/ч и да изведе прецизни удари по копнени цели со користење на бомби и ракети. Неговата брзината на крстосување изнесува 917 км/ч.
На второто место се наоѓа најбрзиот борбен авион во светот, кој и понатаму се наоѓа во експлоатација, а тоа е советскиот МиГ-25. Максималната брзина на овој авион на големи височини е 3400 км/ч. „Ова воопшто не е лошо ако се знае дека овој авион првпат полета 1964 година“, вели авторот на оваа публикација, пренесува порталот Marsonline.
На првото место е беспилотниот вселенски брод „Боинг Икс-37“ (Boeing X-37). Од 2010 година до денес ова летало има изведено пет официјални вселенски летови во рамките на мисии од различни формати. „Боинг Икс-37“ има способност о повисоките слоеви на Земјината атмосфера да постигне брзина 16 пати поголема од брзината на звукот. Очигледно е дека авторот сакал на прво место да го постави авионот од американско производство, иако „Боинг Икс-37“ воопшто не е борбен авион, како што е наведено во насловот на овој текст.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче