7 нешта кои не сте ги знаеле за ловецот МиГ-25

Виталиј В. Кузмин
Мислите дека знаете сè за МиГ-25? Проверете дали е така.

МиГ-25, кој за првпат полета пред повеќе од половина век, долго време ја диктираше тенденцијата во авијацијата. Во овој текст ќе откриете сè што треба да знаете за овој ловец кој има служено во воените сили на над 10 држави во светот,

1. Направен за да се бори со валкири

МиГ-25 (Foxbat според класификацијата на НАТО) требаше да биде одговор на хипотетичката опасност од страна на американскиот суперсоничен бомбардер В-68 и неговите модернизирани наследници кои беа во состојба да ја пробијат ПВО и да нанесат нуклеарни удари. Ловците-пресретнувачи кои СССР ги имаше не беа многу ефикасни за да им парираат на своите брзински и висински карактеристики.

Згора на тоа не можеа да направат ништо во небесните височини ниту со суперсоничниот набљудувачки авион Lockheed SR-71 кој има брзина на крстосување М=2.8. А, стратешкиот бомбардер XB-70 Valkyrie не им даваше никакви шанси на авионите МиГ-21 и Су-15 кои тогаш беа во вооружувањето. На проектантите на авионот МиГ-25 им тргна од рака да „полетаат“ авион со брзина од 3.000 километри на час и да го кренат на височина од 23.000 метри, што според карактеристиките беше споредливо со Валкири.

До спротивставување на овие два авиона не дојде, зашто не започна сериско производство на ХВ-70.

2. Треба да се насочува кон целта полуавтоматски

Конструкцијата на авионот МиГ-25 беше нешто ново во ловечката авијација. Авионот е опремен со рамни странични вшмукувачи на воздух со хоризонтален клин, има два вертикални стабилизатори на опашката о тенко трапезно крило со мала свивливост.

Двата мотори се распореден покрај делот кај опашката на трупот на авионот. Ваквата геометрија овозможи залет на машината до рекордни за тоа време брзини и постигнување прифатливи маневарски способности за летало од ваква класа.

3. Топлотна бариера

Авионската радиоелектронска апаратура за првпат овозможи еден пресретнувач да се упати кон целта во полуавтоматски режим што, со оглед на очекуваната брзина на приближување беше едноставно неопходно: обичните човечки рефлекси едноставно не стасуваа да одреагираат.

Со оглед на тоа дека со брзината која надминува 2.5 Ма доаѓа до големо загревање на конструкцијата на авионот до температура од 300-400 степени Целзиусови, беше невозможно да се користат традиционалните материјали за изработка на корпусот на авионот.

Една од варијантите беше титаниум, на кој запреа Американците. Сепак, руските проектанти се решија за челик кој на крајот изнесуваше 80% од вкупната маса на конструкцијата. Останатото оди на легури на титаниум и на алуминиумски легури кои се отпори на топлина.

4. Шевовите на авионот се околу 5 километри

МиГ-25 има 4.83 километри шевови во структирата на фузелажот и 1.400.000 точки на заварување. Фактот деја се откриени само два незначителни недостатоци во текот на една година во вкупна должина на заварувањето од 434 километри е пример за високиот квалитет на работата која е извршена на оваа машина.

Изненадувачката експлоатациска издржливост на авионот е неочекуван ефект во овој нов материјал: заварувањето може да се изврши над самата тцрда површина.

5. Предизвика итно заседание на Конгресот на САД

Развивањето на пресретнувачот и неговите тестирања се одвиваа во строго доверливи услови. На светот за првпат му беше претставен на 9 јули 1967 година на аеропарадата во Домодедово во чест на Денот на военото воздухопловство. Четири пресретнувачи ја надлетаа трибината. Спикерот соопшти дека оваа нова машина може да развие брзина до 3.000 километри на час.

Тоа беше голема новост за Западот, и тоа мошне непријатна. Во врска со тоа беше одржано вонредно заседание на Конгресот на САД.

На него се гласаше да се забрзаат работите на конструирање на ловец-пресретнувач од новата класа F-14 и F-15. Обата имаат шема како и МиГ-25 со два вертикални стабилизатори, но малку заостануваат и по брзината и по висината на летот.

6. Дезертира од Советскиот Сојуз

Во септември 1976 година Виктор Беленко со авионот МиГ-25П од далекоисточниот воен аеродром пребега во Јапонија и слета на островот Хокаидо каде побара политички азил. Авионот беше расклопен на делови и проучен од страна на американските стручњаци. По еден и пол месец на барање на советското Министерство за надворешни работи беше вратен во делови.

Дезертирањето на советскиот офицер му нанесе сериозна штета на СССР. Истовремено постои и позитивна страна: предавството придонесе до подобрување на борбената готовност на МиГ-25.

Откако потенцијалниот противник ги дозна тајните во врска со работата на електрониката, на произведените авиони беше заменета целата електронска опрема. Ловецот доби посовршени средства за забележување и следење цели и беше наречен МиГ-25ПД.

7. Има 29 светски рекорди

Со авионот МиГ-25 се поставени 29 светски рекорди. Меѓу нив е и еден оригинален рекорд кој до денешен ден не е соборен, а се однесува на висината на летот на авион со реактивни мотори. Пробниот пилот Александар Федотов на 21 август 1977 година се издигна 37.650 метри над земјата!

Погледнете десет врвни руски воени авиони

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња