Американската приватна аналитичка компанија „Стратфор“ објави текст на својот сајт во кој смета дека руските противвоздухопловни системи С-400 се ефикасни само во случај да бидат исполнети одредени услови.
Според изворите што собра тимот аналитичари на „Стратфор“, рускиот ПВО-систем има способност да се бори против цели од различни класи, а исто така има и голем радиус на дејство. Меѓутоа, според нивното мислење, овие системи можат да стане многу ранливи ако се користат надвор од вмрежен систем за противракетна одбрана (систем за ПВО во кој сите единици се поврзани една со друга и во кој постојано разменуваат информации). Исто така, американската компанија „Стратфор“ укажува на многу ниската ефикасност на системот С-400 кога станува збор за ракети кои користат ниска траекторија на лет, пренесува ТАСС.
Меѓутоа, како што се вели во текстот, овие ракетни системи можат добро да се покажат кога станува збор за борба против воздушни цели со поголеми димензии, но само во случај да се наоѓаат во систем на интегрирана ПВО. Како примери на земји кои успешно можат да ги искористат предностите на системот С-400 американските аналитичари ги наведуваат Русија, Кина, но и Турција, која неодамна потпиша договор за нивна набавка, пренесува порталот Marsonline.
Турција е првата држава што е дел од воениот сојуз на НАТО, а која од Русија го купи ракетниот систем С-400 „Триумф“. Овој систем е дизајниран за борба против широк спектар на воздушни објекти како што се авиони, хеликоптери, крстосувачки и балистички ракети.
САД се обидоа на сите начини да ја принудат Турција да се откаже од набавката на ракетните системи С-400. Вашингтон безброј пати ја предупреди Анкара дека во случај на практична имплементација на овој договор, САД ќе бидат принудени да воведат санкции за Турција во различни форми. Покрај тоа, САД јасно ставија до знаење дека во случај на набавка на системот С-400 ќе биде доведен во прашање договорот за продажба на ловци од петтата генерација борец F-35, што вчера го направи претседателот на САД Доналд Трамп кој одлучи да ја прекине понатамошната испорака на овие авиони за турската армија. Турција од САД нарача 100 ловци F-35, од кои два се веќе испорачани.
F-35 е американски повеќенаменски ловец од петтата генерација. Неговото производство започна во 2006 година, а експлоатацијата во оперативните единици на военото воздухопловство во 2012 година. Се произведува во три верзии: стандардна верзија за Военото воздухопловство на САД, верзија со скратено или вертикално полетување развиена за Корпусот на морнаричката пешадија и палубна верзија за единиците на Воената морнарица.
Заедно со САД во проектот за неговото создавање учествуваа осум земји: Австралија, Велика Британија, Данска, Италија, Канада, Холандија, Норвешка и Португалија. Покрај нив, вакви авиони набавија Израел и Јапонија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче