Москва и Анкара не се договарале за комплетно заедничко производство на овој систем, пренесува РИА „Новости“.
„Не се работи за комплетно производство на сите склопови на С-400 ниту може да стане збор за тоа, затоа што тоа е нов вид вооружување. Но за производство на одделни компоненти и сегменти секако може да стане збор“, рече тој.
Претходно министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара и Москва можат да склучат уште еден договор за испорака на ракетни системи С-400 доколку САД одбијат да ѝ испорачаат на Турција ракетни системи „Патриот“. Во Кремљ е потврдена подготвеноста за проширување на военотехничката соработка со други земји.
Во март Турција ја потврди намерата да купи руски противвоздухопловни системи С-400 и покрај притисоците од Вашингтон.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче