Според зборовите на турскиот претседател, Вашингтон не ги понудил истите услови како што тоа го направила Русија, пренесува интернет-порталот „Взгљад“. „Ние сакавме од САД да набавиме системи „Патриот“, но не ни беа понудени под соодветни услови. Во овој момент се реализира нашиот договор за набавка на руските системи С-400 и веќе во јули ќе го добиеме првиот контингент“, пренесува рускиот интернет-портал ТАСС повикувајќи се на турски извори.
Минатата есен американскиот телевизиски канал Си-Ен-Би-Си соопшти дека руските системи С-400 се речиси дупло поевтини од американските системи „Патриот“, што севкупно претставува разлика од неколку стотици, па дури и милијарда долари. Како што изјави првиот човек на „Ростех“ Сергеј Чемезов, Русија ќе ѝ испорача на Турција четири дивизиони С-400 за сума од 2,5 милијарди американски долари, од кои дел од оваа сума е обезбеден од руски кредит. Во декември 2018 година Стејт департментот издаде дозвола за продажба на системи „Патриот“ на Република Турција за цена од 3,5 милијарди американски долари.
Неодамна САД ја повикаа Турција да избере помеѓу партнерството со Северноатлантскиот воен сојуз и нејзината желба да ги купи руските противвоздушни системи С-400 „Триумф“. Анкара реагираше на овој ултиматум така што на Вашингтон му предложи „или да останат нивен сојузник, или да се подготват за прекинување на соработката, бидејќи сѐ повеќе се здружуваат со терористички сили (се мисли на Курдите)“.
Турција неколку пати нагласи дека нејзината зделка склучена со Русија е неповратен процес и дека претставува завршена работа. Секое откажување во овој момент би ѝ нанело голема штета на Турција, во смисла на нејзиниот севкупен интегритет како држава.
Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите модерни и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 километри (ракета 40Н6E), додека во висина дејствува и до 35 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче