„Испораката на С-400 почна (...) До април 2020 година тие системи ќе бидат распоредени во нашата земја и подготвени за примена. (...) С-400 е најмоќниот одбранбен систем. Се надевам дека ќе го произведуваме заедно со Русија“, ги наведува агенцијата ТАСС зборовите на Ердоган во програмата на телевизијата Habertürk.
Во понеделникот во Турција долета деветтиот по ред авион со делови за С-400. Испораката на овој систем за Турција почна на 12 јули.
Претходно Ердоган изјави дека договорот за увоз на С-400 е најважниот договор што го склучила современа Турција и истовремено ја извести јавноста за плановите на Турција заедно со Русија да произведува средства за противвоздухопловна одбрана.