„Околу 100 турски војници кон крајот на мај ќе тргнат на обука во еден вежбовен воен центар во Руската Федерација, каде ќе научат да ракуваат со системите С-400 кои во 2019 година ќе ѝ бидат испорачани на Турција согласно договорот“, рече за агенцијата ТАСС неименуван извор, истакнувајќи дека обуката ќе трае околу пет месеци.
Турските војници ќе бидат на обука истовремено со група војници од Кина, кои во истиот центар уште од средината на март учат да ракуваат со системите С-400. „Истовремената обука на војниците на противвоздухопловните единици на Кина и Турција ќе биде настан без преседан ни во историјата на поранешниот СССР, ни во историјата на современа Русија“, додаде наведениот извор.
Агенцијата „Рособоронекспорт“ не сакаше да ја коментира оваа информација.
Во април турскиот лидер Реџеп Ердоган изјави дека испораката на руските ракетни системи С-400 на Турција може да почне до јули 2019 година. Дополнително, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу најави дека Анкара и Москва можат да склучат уште еден договор за испорака на нова партија С-400 доколку САД одбијат да ѝ испорачаат на Турција противвоздушни ракетни системи „Патриот“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче