Ракетен ПВО-систем со среден дострел 9К317М „Бук-м3“
Слободан ЃукиќКурските ракетари меѓу првите во Западниот воен округ ги добија нови ракетни ПВО-системи „Бук-М3“. Овој систем на надворешен план се разликува од својот претходник „Бук-М2“ со тоа што наместо четири има шест ПА-ракети. Меѓутоа, главните разлики се наоѓаат внатре во овој систем и не можат да се видат однадвор.
„Зголемен е максималниот дострел, како и ефикасноста на борбата со нисколетечки цели. Значително е зголемена брзината на реакција на целокупниот комплекс. Сè е многу побрзо поради автоматизацијата на целокупниот процес“, информираше информативната служба на Западниот воен округ, пренесува интернет-порталот РГ.
Новата ракета 9М317М, со која ракетарите наскоро ќе имаат боево гаѓање на полигонот Капустин Јар во Астраханската област, ќе биде испробана против воздушни цели на височина од 0,3-10,0 км. Ракетата 9М317М е многу побрза и поманеварбилна од претходните верзии. Подобрен е погонскиот блок на ракетата, како и системот за наведување кон зафатената цел. Во првиот дел од траекторијата ракетата се наведува на целта по инерцијален пат, за во вториот дел од нејзината траекторија да се активира активната самонаведувана глава која има минијатурен, но многу моќен радар.
На тестирањата на оваа ракета беа демонстрирани извонредни резултати. Со неа е погоден широк спектар воздушни цели при истовремено силно дејство на противелектронските системи на условниот непријател.
Боевата глава на ракетата 9М317М е од шипкаст тип, чии фрагменти можат да пробијат материјали со екстремна цврстина, како што се титаниум и кевлар. Веројатноста за уништување на воздушната цел со една ракета 9М317М која е во вооружување на комплексот „Бук-М3“ има практично 100% успешност (0,9999).
9М317М „Бук-М3“ е природно продолжение на верзијата „Бук-М2“. Најголемите подобрувања на системот беа направени на интеграцијата на новите електронски компоненти. Од исклучителна важност е и фактот што бројот на ракети по една лансирна единица е зголемен за 50%, што значително ја зголемува вкупната огнена моќ на батериите и дивизионите опремени со овие системи. Еден дивизион ракетни системи 9М317М „Бук-М3“ има способност истовремено да нападне 36 воздушни цели во радиус од 70 км во далечина и до 35 км во висина. Притоа веројатноста за уништување на целта со една ракета е речиси 1/1 (цел со големина на авион-ловец), додека кај крстосувачките ракети тој однос е околу 1/0.8. „Бук-М3“ ќе ги користи ракетите од класата „земја-воздух“ 9М317М кои ќе можат да пресретнуваат цели што летаат со брзина и до 3000 м/сек. Ракетата е опремена со фрагментарно-разорна боева глава. Врз целта во првиот дел од траекторијата се наведува по инерцијален пат, а потоа, во завршниот дел се активира активната радарска самонаведувана глава која е исклучително отпорна на електронски пречки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче