Како што пренесува ТАСС, 53 бригада за противвоздушна одбрана која се наоѓа во состав на Западниот воен округ, наскоро ќе добие значајно зајакнување. Имено, во вооружувањето на оваа бригада, чие седиште се наоѓа во градот Курск, влегува најновиот противвоздушен ракетен систем 9K317M Бук-М3.
Министерството за одбрана на медиумите им ја пренесе информацијата дека дивизионот* на новиот противвоздушен ракетен систем 9K317M Бук-М3 ќе им биде испорачан на сите единици во понеделник, 11 декември.
Неговите техничко-тактички способности се исклучителни, се согласуваат главно сите релевантни воени експерти. Овој систем според сите параметри нема адекватна конкуренција во светот.
Инаку, станува збор за систем со среден дострел, кој треба да ја наследи претходната верзија на системот Бук-М2. Негова основна намена ќе биде борбата против сите видови воздушни цели, со акцент на целите кои за време на својот лет изведуваат остри маневри и летаат со променлива патека. Покрај воздушните објекти, ракетите испукани од Бук-М2 ќе можат да погодат копнени и поморски цели. Исклучително е важно да се нагласи дека оваа верзија на системот Бук е приспособена своите борбени дејствија да ги изведува во услови на масовна примена на системи за противелектронско војување.
Основата за развој на овој систем е гореспоменатата верзија на Бук-М2. Во голема мера се модернизирани неговите електронски компоненти, додека руските конструктори успеаја да ја унапредат способноста за напад на воздушни цели кои се наоѓаат во практично сите правци околу лансирната единица. Ова пред сè се однесува на развојот на нова форма транспортно-лансирни контејнери кои имаат слична концепција како и кај системот С-300 (ракетата има способност да се лансира вертикално). Од исклучителна важност е фактот дека зголемениот број ракети по една лансирна единица, од досегашните четири на шест ракети (определени информации зборуваат за дури 12 ракети на една лансирана единица), што значајно ја зголемува вкупната огнена моќ на батериите и на дивизионите кои се опремени со овие системи. Бројните унапредувања се имплементирани во овој комплекс наложуваат посади кои се обучени за употреба на претходните верзии на системот Бук, да поминат интензивна преобука за новите системи кои не траат подолго од три месеци. Преобуката се одржува во градот Оренбург, во рамките на Центарот за обука на единиците за ПВО.
Дивизионот на ракетни системи 9K317M Бук-М3 има способност истовремено да нападне 36 воздушни цели во радиус од 70 километри во далечина и 35 километри во височина! Притоа веројатноста за уништување на целта со една ракета* е речиси 1/1 (цел со големина на ловечки авион), додека кај крстосувачките ракети овој однос изнесува околу 1/0.8.
* Два дивизиони на проиввоздушниот ракетен систем Бук-М3 уште во 2016 година им се испорачани на единиците за ПВО кои се наоѓаат на просторот на Северен Кавказ.
** Ракетата земја-воздух 9М317М може да пресретнува цели кои летаат со брзина и до 3.000 метри во секунда. Опремена е со шрапнелно-разорни боеви глави. Кон целта во првиот дел од патеката се наведува по инерцијален пат, а потоа во завршниот дел се активира активната радарска глава за самонаведување која е исклучително отпорна на електронски попречувања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче