Новите ракетни ПВО-системи 9K317M Бук-М3 префрлени во Сибир

Слободан Ѓукиќ
Дивизион ракетни системи 9K317M Бук-M3 има способност истовремено да нападне 36 воздушни цели во радиус од 70 км во должина, и до 35 км во височина. Притоа, веројатноста за уништување на целта со една ракета е речиси 1:1 (цел со големина на авион-ловец), додека кај крстосувачките ракети овој сооднос е околу 1:0,8.

„Новите системи кои ќе станат дел од ПВО-единиците на 41 комбинирана армија ќе обезбедат зголемување на борбената готовност на овие единици, особено кога станува збор за покривање на значајни објекти од напади од воздух“, изјави тој за интернет-порталот „Взгљад“ командантот на армијата генерал-мајор Јаков Резанцев.

Во овој момент, војниците кои наоѓаат во состав на ракетната бригада на ПВО изведуваат обука на новите системи во школскиот центар во Оренбург, кој е специјализиран за обука на екипажи на ракетни системи за противвоздушна одбрана. Бројните подобрувања кои се имплементирани во овој комплекс налагаат екипажите кои се обучени за употреба на претходните верзии на системот „Бук“ да поминат интензивна преобука на новиот систем, која не трае подолго од три месеци.

9K317M Бук-М3 е природно продолжение на верзијата Бук-M2. Најголемите подобрувања на системот се направени на интеграцијата на новите електронски компоненти. Од исклучителна важност е и фактот што бројот на ракети по една лансирна единица е зголемен за 50%, што значително ја зголемува вкупната огнена моќ на батериите и дивизионите кои се опремени со овие системи. Дивизион ракетни системи 9K317M Бук-M3 има способност истовремено да нападне 36 воздушни цели во радиус од 70 км во должина, и до 35 км во височина. Притоа, веројатноста за уништување на целта со една ракета е речиси 1:1 (цел со големина на авион-ловец), додека кај крстосувачките ракети овој сооднос е околу 1:0,8. Бук-M3 ќе користи ракети од класата „земја-земја“ 9М317М кои ќе можат да пресретнуваат цели кои летаат со брзина до 3000 м/с. Ракетата е опремена со распрскувачко–разорна боева глава. Кон целта во првиот дел од траекторијата се наведува по инерцијален пат, а потоа во завршниот дел се активира активна радарска глава за самонаведување која е исклучително отпорна на електронски пречки.

41 комбинирана армија влегува во составот на Централниот воен округ кој покрива широка област во средниот дел на оваа огромна држава. Во неговата зона на одговорност се наоѓаат Новосибирската, Омската, Кемерововсата и Иркутската област, Алтајскиот и Република Тува.

Прочитајте повеќе: Руската армија ја крева својата ПВО на врвно ниво: Ракетарите ја завршуваат преобуката на новите Бук

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња