Како „ракетарите“ со новите средства 9К317М Бук-М3 ја одбранија Касписката флота од уништување

Слободан Ѓукиќ
Сите непријателски цели (авиони и наведувачки борбени средства) се детектирани на максимална оддалеченост од радарско-набљудувачките средства кои се наоѓаат во состав на ракетниот дивизион за ПВО 9К317М „Бук-М3“. Со плотунско дејство на целокупниот дивизион сите цели се соборени на безбедно растојание од бродовите и од објектите на Касписката флота.

Ракетарите кои се наоѓаат во составот на ракетниот дивизион за ПВО 9К317М „Бук-М3“ кои се распоредени во зоната на одговорност на Касписката флота изведоа вежба во која е симулирана борба со непријателска воздушна групација која има за задача во воздушниот напад да ги уништи борбените потенцијали на оваа флота. За време на изведувањето на овие вежби успешно се исполнети сите барања кои се поставени пред „ракетарите“ на системите за ПВО „Бук-М3“, и нападот е успешно одбиен, велат од информативната служба на Јужниот воен округ, а пренесува Интернет-порталот на ТАСС.

„Според сценариото за вежбата, радарско-набљудувачката компонента која се наоѓа во состав на ракетниот дивизион за ПВО Бук-М3 има откриено непријател кој се движел во насока на поморската воена база на Касписката флота во Дагестан. Сите цели се на време фатени и уништени“, се наведува во соопштението. „Ракетарите успешно ја реализираа оваа воена вежба без претходна подготовка на огнените позиции, додека радарско-набљудувачките средства на максимална оддалеченост успеаја да ги фатат своите цели“.

Противвоздушниот ракетен систем со среден дострел 9К317М „Бук-М3“ влезе во борбено дежурство за да ги заштити објектите и површинските бродови на Касписката флота во ноември 2017 година.

9К317М „Бук-М3“ е природно продолжение на верзијата Бук-М2. Најголеми унапредувања на системот се направени во интеграцијата на новите електронски компоненти. Од исклучителна важност е и фактот што за 50% е зголемен бројот на ракети по една лансирна единица, што во голема мера ја зголемува огнената моќ на батеријата и на дивизионите кои се опремени со овие системи.

Еден дивизион на ракетниот систем 9К317М „Бук-М3“ може истовремено да нападне 36 воздушни цели во радиус од 70 километри по далечина и до 35 километри по височина. Притоа, веројатноста за уништување на целта со една ракета е речиси а/а (цел со големина на ловечки авион), додека кај крстосувачките ракети овој однос изнесува околу 1/0.8.

Бук-М3 ќе користи ракети од класата земја-воздух 9К317М кои ќе можат да пресретнуваат цели кои летаат со брзина и до 3.000 метри во секунда. Ракетата е опремена со шрапнелно-разорна боева глава. Кон целта во првиот дел од патеката се наведува по инерцијален пат, а потоа во завршниот дел се активира активната радарска глава за самонаведување која е исклучително отпорна на електронско попречување.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња