Руската воена индустрија наредната деценија ја започнува со амбициозниот проект „Сотник“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Компанијата „ЦНИИТочмаш“ наредната деценија на овој век ќе ја започне со нов амбициозен проект што го носи името „Сотник“. Се работи за борбено-тактички комплекс на војникот на иднината кој треба да го замени „Ратник“ со сите негови модификации.

АД „ЦНИИТочмаш“ (дел од државната корпорација „Ростех“) ќе ја започне наредната деценија со опитно-конструкторска работа (рус. — ОКР) која ќе има за цел создавање униформа од третата генерација, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

Комплетот што ќе го замени сегашниот борбено-тактички комплекс на униформата „Ратник“ веќе доби и име - „Сотник“ (воено звање кое било посебно актуелно меѓу Козаците. Имено, еден сотник командувал со група од 100 души — доп. на преведувачот), изјавија претставниците на оваа компанија за рускиот интернет-портал ТАСС.

Во февруари оваа година луѓето од „Ростех“ објавија вест дека во овој момент инженерите на оваа корпорација работат над борбена униформа „Ратник“ од четвртата генерација, вклучувајќи го и нејзиниот понатамошен развој.

Прочитајте повеќе: Егзоскелет, „тесен“ оклоп и шлем: Како ќе изгледа опремата на војникот од новата доба?