Руските специјалци добиваат електронска маскирна униформа за тотално претопување во околината

Ростех

Холдингот „Роселектроника“ ја разгледува можноста за креирање линија специјални униформи од интелигентно маскирно платно кои ќе го прилагодуваат својот изглед во зависност од локалната средина.

„Самата технологија е развиена во НИИ „Техномаш“ по барање на Министерството за одбрана. Материјалот-камелеон ќе биде применуван за маскирање на воената техника“, изјави за руските медиуми неименувани извор од државната корпорација „Ростех“.

„Паметното“ маскирно платно ќе може да репродуцира многу сложени подвижни слики, како што е, на пример, имитација на лисје кое се ниша на ветрот. Ваквото прилагодување на надворешните услови со создавање ултрареален ефект на рефлексија на природната средина ќе овозможи воената техника, но и војниците со борбениот систем „Ратник“ (специјалните сили) во целост да се претопат во околината.

На воено-техничкиот саем „Армија-2019“ ќе биде претставен модел на борбено-тактичкиот комплекс „Ратник“ кој ќе биде преслечен со ова „интелигентно“ електронско маскирно платно-камелеон. Од „Ростех“ напомнуваат дека новата маскирна покривка нема да има голема потрошувачка на електрична енергија, како и дека за нејзиното функционирање нема да биде потребен силен процесор.

Техничките карактеристики на електронското маскирно платно „Камелеон“ се такви што тоа во режимот на „живи слики“, кој подразбира динамична промена на рефлексијата на изгледот во зависност од типот на надворешната средина, троши 4-20 Вати електрична енергија/1,5 сек. на квадратен метар материјал.

Ова платно има своја примена и во цивилните структури. За ваквите типови нови материјали особено се заинтересирани компаниите кои се занимаваат со маркетинг. И за таквиот вид примена во „Ростех“ развиваат специјални примероци облека.

Прочитајте повеќе: Пена како маска за оклопната техника

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња