Во Русија се прави цивилна варијанта на опремата „Ратник“

Евгениј Бијатов/Sputnik

Во Русија во тек е развој на цивилен аналог на воениот борбен комплет на иднината „Ратник“, изјави за РИА „Новости“ генералниот директор на Централниот научно-истражувачки института за прецизно инженерство (ЦНИИТОЧМАШ – дел од „Ростех“) Алберт Баков.

„ЦНИИТОЧМАШ работи на неколку проекти за да го диверзифицира производството. Меѓу нив е и серијата на цивилна муниција „Олимп“, како и цивилната варијанта на опремата „Ратник“. За останатите ништо помалку интересни проекти ќе зборуваме малку подоцна“, рече Баков.

Комплетот „Ратник“ (борбена опрема од втора генерација) опфаќа современо малокалибарско вооружување, заштитна опрема, извидувачки и комуникациски уреди – сѐвкупно околу десет различни потсистеми. Направен е за акција во различни климатски услови, во секое време на денот.

Прочитајте повеќе: Што ќе му е егзоскелет на „Ратник“?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња