Макета на беспилотното летало „Скат“ (во позадина) во природна големина и паметните авионски бомби КАБ-500 (во прв план) во хангар на руската корпорација „МиГ“, Осми аеромитинг МАКС-2007 во Жуковски.
Антон Денисов/RIA NovostiРаботата над млазниот дрон „Cкат“ за кој се зборува веќе со години, сепак не е запрена. „Рускиот пазар не е затворен за тоа беспилотно летало и имаме намера годинава да ги усогласиме сите тактичко-технички карактеристики на „Скат“ со Министерството за одбрана на РФ и да се фатиме за работа“, изјави за РИА „Новости“ генералниот директор на корпорацијата МиГ Иља Тарасенко.
Макетата во природна големина на јуришното беспилотно летало „Скат“ (мак. „раја“) беше претставена уште 2007 година на авиоизложбата „МАКС“. Конструкторите тогаш зборуваа дека дронот ќе може да понесе околу шест тони бомби и ракети. Предвидената максимална брзина беше 850 км/ч, борбениот радиус на дејство 1200 километри, а висината 15000 метри. Меѓутоа, „Скат“ не беше пуштен во сериско производство, а неговите конструкторски решенија се искористени во работата над тешкиот ударен дрон С-70 „Охотник“ (мак. „ловец“).
Меѓутоа, денес повторно се зборува за дронот „Скат“ кој ќе може да понесе околу два тона бомби и ракети, со борбен радиус 4000 км, брзина 8000 км/ч. Беспилотното летало може да стане помлад брат на С-70 и се планира дека ќе работи во пар со авионот МиГ-35 во напaдите на ПВО на противникот, како врз стационарни така и врз подвижни цели на копно и на море.
„Скат“ инаку неодоливо потсеќа американскиот Ф-117 соборен 1999 година во СРЈ со ракета „земја-воздух“ од типот СА-3 „нева“, забележува весникот „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче