Беспилотното летало „Сокол“ со биолошка камуфлажа претставено во Русија

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Pixabay

Во Русија е претставено ново беспилотно летало слично на птица. Неговото име е „Сокол“. Ова БПЛ е во процес на стекнување на статус на патент. Прикажано беше на меѓународиот воено-технички форум „Армија 2018“.

Новиот дрон ќе има некои одлики на птицата-предатор чие име го носи. На пример, опремен е со звучен сигнал на сокол во напад. Дронот има и биолошка камуфлажа. Ова го соопшти творецот на леталото, предавач на катедрата на Воениот просветно-научен центар при Воено-воздухопловната академија „Н.Е. Жуковски и Ј.А. Гагарин“, потполковник Артур Шубин, пренесува ТВ-каналот „Ѕвезда“.

Пробните летови на дронот почнаа уште во 2013 година. Резултатите од тестовите до денес покажуваат дека леталото во меѓувреме е подобрено. Опремено е со автопилот, навигациски систем и камери за надзор и извидување. Дронот поседува и погонски пропелер кој го движи електричниот мотор монтиран во стабилизаторот на опашката. Според зборовите на конструкторот, ова го олеснува маневрирањето при мали брзини. Траењето на летот на „Сокол“ изнесува до 40 минути, а може да понесе корисен товар со максимална маса до 1 килограм.

Ова БПЛ може да се користи за воени потреби – за воздушно набљудување, но и за испитување на орнитолошката ситуација околу аеродромите, што е битно затоа што често се случува птици да влетаат во моторите на авионот при полетувањето.

Погледнете го тестирањето на најголемото офанзивно беспилотно летало во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња