Тешкиот ударен дрон С-70 „Охотник“ првпат полета

Скриншот

Рускиот тежок ударен дрон со невидливи „стелт“ карактеристики С-70 „Охотник“ го изведе својот прв лет. Дронот достигна максимална брзина за време на залетувањето на пистата на Новосибирскиот воздухопловен завод и се одвои од земја на висина од неколку метри. Откако прелета одредено растојание, беспилотното летало се приземји успешно.

Треба да се нагласи дека овој дрон сѐ уште го нема изведено својот полн пробен лет, пренесува интернет-порталот ТАСС. Се работи за тестирање на системот за управување со беспилотното летало при неговиот старт. Едноставно, за да го изведат својот прв лет новите летала од оваа класа, потребно е да се изведе цела серија тестирања на неговите поединечни компоненти.

Дронот е конструиран според аеродинамичната концепција „летачко крило“ со употреба на стелт-технологија, пренесува интернет-порталот РГ. Неговите димензии се навистина импозантни. Распонот на крилата изнесува 19 метри, што е за неколку метри повеќе отколку кај ловецот-бомбардер Су-34. Должината на леталото изнесува 14 метри. Неговата полетна маса достигнува 25 тони, од кои 2800 кг отпаѓаат на убоен товар.

На мали висини „Охотник“ ќе може да лета со брзина до 1400 км/час, додека неговиот максимален долет ќе достигнува 5000 километри. Се претпоставува дека ова летало ќе се користи во пар со повеќенаменскиот ловец од петта генерација Су-57,  преку кој „Охотник“ ќе добива наредби.

Прочитајте повеќе: Од Русија пристигна изненадување: Прикажано ударното беспилотно летало С-70 „Охотник“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња