Ова во интервјуто за списанието „Краснаја ѕвезда“ го изјави командантот на Копнените сили, генерал на армија Олег Саљуков. пренесува рускиот интернет-портал РГ. Тој зборуваше и за тоа кои специфични единици кои се наоѓаат во рамките на Копнените сили ќе добијат нова техника. Ова првенствено се однесува на противвоздухопловните единици. Во моментов овие единици го започнуваат процесот на усвојување на софистицираните ПВО/ПРО системи со голем дострел С-300В4, потоа системите со среден дострел „Бук-М3“ и системите со мал дострел „Тор-М2“. Единиците ќе бидат опремени и со најсовремените лесни преносни ракетни системи за ПВО кои се лансираат од рамо „Врба“.
Што се однесува до артилериско-ракетните единици, во тек е опремување со напредните повеќецевни ракетни лансери „Торнадо-Г“, „Торнадо-С“ и самоодните хаубици „Мста-С“ . Овие орудија поседуваат уникатни способности кога е во прашање автоматското наведување на огнот врз откриените цели . Армијата, исто така, ги усвојува и новите самоодни противтенковски ракетни системи „Хризантема-СП“. Нејзината ракета може да ја пробие оклопната заштита на сите современи основни тенкови кои се моментално во оперативна употреба. Притоа системот не е ограничен во неговата употреба во однос на времето на денот или временските услови.
Треба да се напоменат и комплексите за извидување, управување и врска „Стрелец“, како и оклопните возила „Тајфун-К“ кои се наменети за опремување на извидничките единици. Оклопно-механизираните единици ќе добијат основни борбени тенкови во стандардот Т-72Б3M со подобрени борбени карактеристики, модернизирани борбени возила за пешадијата БМП-3 и оклопни транспортери на тркала БТР-82А.
Командантот на Копнените сили истакна дека ваквото темпо на вооружување на единиците кои се наоѓаат во нивниот состав ќе резултира со зголемување на вкупниот процент на современа техника на 70% до крајот на 2020 година. „Во моментов нашиот главен приоритет е новата воена и специјална техника брзо да ја усвоиме преку интензивна програма за обука и воените вежби кои се планирани за летниот период“, нагласи рускиот генерал.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче