Малкумина странски туристи го посетуваат градот Тула, но тоа е родното место на многу нешта по кои Русија е позната ширум светот. Лав Толстој е роден во Тула, градот произведува познати пушки, самовари и кондиторски производи. Исто така, прави микрофони кои ги користат групи како Рејдиохед. Еве што треба да знаете за легендарната фабрика „Октава“, која прави опрема за снимање звук од светска класа.
Склопување на првите звучници „Октава“
Press photoВо 1927 година, локални радио-аматери отворија работилница во Тула за производство на компоненти за радио. Радиото во СССР се развиваше со молневита брзина, а производите на занаетчиите од Тула беа толку популарни што работилницата се претвори во фабрика. До 1930 година фабриката испорачуваше радио-компоненти во 52 градови ширум целата земја.
Звучник во вид на рог (Л); Најава на Втората светска војна, до Кремљ
Press photo, Yevgeny Khaldei/MAMM/MDF/russiainphotoФабриката, исто така, отвори сопствена лабораторија, која за пет години го разви радиоприемникот Т-35 (нема поврзаност со тенкот Т-34), кој победуваше на радио-натпревари на пансоветските простори. Подоцна, фабриката произведе динамичен микрофон и улични звучници, кои беа поставени на плоштадите во Москва, вклучувајќи го и Црвениот плоштад. За време на Втората светска војна, звучниците на „Октава“ беа користени за информирање на советските граѓани за важни случувања.
Првата лента за склопување
Press photoИнженерите на „Октава“ произведоа звучници за советскиот павилјон на „Експо“ 1958 година во Брисел. Покрај тоа, за да ја изненадат и надминат целата планета, тие ги презентираа првите мали телефони (вклучително и за симултано толкување). На крајот, советскиот павилјон доби почесна диплома и признание во светот (како и нарачки за извоз).
Јуриј Гагарин
SputnikСе сеќавате ли што рече Јуриј Гагарин кога неговата ракета полета на првата вселенска мисија со човечки екипаж 1961 година? „Одиме“. Тој ги кажа тие зборови во микрофон на „Октава“. Архивските фотографии покажуваат дека првиот космонаут во светот имал ситен и екстремно напреден за своето време уред поврзан со неговиот скафандер.
Владимир Висоцки настапува на микрофон „Октава“
Press photoГодината е 1974. Популарноста на култниот пејач и текстописец Владимир Висоцки беше на својот врв и неговиот глас веднаш се препознаваше. Не секој микрофон можеше точно да го пренесе интензитетот на тој рапав и срцепарателен глас. На оваа слика, Висоцки настапува на советскиот микрофон МЛ-16.
Том Јорк на снимањето на албумот „ОК Компјутер“
radiohead.comМикрофонот МК-012, направен 1996 година, останува водечки производ за „Октава“. Овој микрофон го користеше Том Јорк, пејачот и гитарист на Рејдиохед, за време на снимањето на албумот „OK Компјутер“ во 1997 година.
Мерилин Менсон и М-52-02 лента-микрофон на „Октава“
Press photoВо 2015 година Мерилин Менсон настапи на популарната американска телевизиска емисија „Вечерно шоу со Џеј Лено“ (The Tonight Show with Jay Leno), користејќи лента-микрофон на „Октава“ МЛ-52-02. (Всушност, тој микрофон е наменет за студиски снимки, а не за концерти.)
Стинг (микрофонот на фотографијата не го произведува фабриката „Октава“)
Getty ImagesСо висок квалитет, но релативно евтини, производите на „Октава“ се користат од страна на водечките инженери на звук на Запад. На пример, Хју Чарлс Падгам ги користеше микрофоните на компанијата за снимање на Стинг. Тие исто така се користат од страна на Electric Audio Studio, каде што Нирвана ги направи своите снимки.
Курт Кобејн од Нирвана (микрофонот на фотографијата не го произведува фабриката „Октава“)
Getty ImagesОктава е производот по избор на холивудски дизајнер на звук Чарлс Мејнс, кој има работено на многу познати филмови, како и на повеќе од 60 компјутерски игри (вклучувајќи ги Call of Duty 1-3, Medal of Honor, Black, Need for Speed: Underground, Spider-Man).
Модерни слушалки на „Октава“
Press photoМикрофони, слушалки, радиокомуникациски и телефонски уреди - сето тоа сѐ уште се произведува во големи количини во Тула. На пример, многу руски аеродроми се опремени со слушалки на „Октава“, додека многу руски банки ги користат микрофоните на „Октава“ за биометриска идентификација на клиентите.
Склопување на микрофони
Press photoВо текот на изминатите неколку години „Октава“ регрутираше млади индустриски дизајнери кои сонуваат да ги направат производите на фабриката прифатливи и атрактивни. Еден од нивните ветувачки дизајни се безжични слушалки. Внимавајте, AirPods!
Слушни помагала „Електроника“ У-03
Press photoОсвен тоа, од 1993 година фабриката ги произведува слушните помагала „Електроника“ У-03 и денес активно развива посовремени дигитални модели.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче