Телевизискиот канал „Ѕвезда“ го обработи текстот посветен на овој настан, кога шест повеќенаменски ловци од петтата генерација Су-57 во совршена формација го следеа авионот на рускиот претседател. На видеоснимката можат да се видат овие летечки убавци снимени од минимално растојание кое е во рамките на стандардните безбедносни процедури, пренесува интернет-порталот РБ.
Ловците грациозно се движеа по небесните висини, како птици-грабливки. Под нив се наоѓаше живописна река.
На 14. мај претседателот на РФ Владимир Путин пристигна во градот Ахтубинск, каде што одржа состанок на највисоко ниво во кое учествуваа првите луѓе на Министерството за одбрана на РФ и претставници на воено-индустрискиот комплекс. Во непосредна близина на Ахтубинск процедурата за обезбедување на авионот со реден број 1 ја презеде група од шест авиони Су-57.