Владимир Путин: Руската армија купува многу поголем број на авиони Су-57 отколку што беше планирано

Владимир Сергеев/Sputnik
Претседателот на Русија Владимир Путин очекува склучување на договор за испорака на 76 ловци од петтата генерација Су-57 во најскоро време.

„Во рамките на програмата за вооружување до 2028. Година планирано е армијата да набави 16 такви авиони“, потсети рускиот лидер на советувањето посветено на прашања од одбраната.

Тој раскажа како по анализата на ситуацијата министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу реферисал дека производителите ја спуштиле цената на леталата и вооружувањето за 20%. Според мислењето на рускиот министер за одбрана, таа околност пружа можност за купување поголем број авиони, пишува агенцијата РИА „Новости“.

„Се договоривме за истиот период без подигање на цената да купиме 76 такви авиони“, соопшти Путин.

Шефот на руската држава исто така изјави дека арсеналот на три авијациски полкови на Воздушно-космичките сили снага треба да биде целосно комплетиран со овие авиони до 2028. година.

„Најмногу внимание посветивме на развојот и производството на современи летала кои ќе го дефинираат борбениот потенцијал на руското Воено воздухопловство во наредните неколку децении. Во завршната фаза на државното тестирање се повеќенаменските ловци Су-35С и Су-57“, соопшти претседателот.

Според него, тие машини имаат уникатни карактеристики и се најдобри на светот.

Претходно Путин се сретна во Ахтубинск со пробните пилоти кои го тестираат Су-57 и ги праша за нивната оцена на новото летало. Авионот на рускиот претседател го придружуваа шест ловци Су-57.

Министерството за одбрана на РФ потпиша со компанијата „Сухој“ договор за испорака на два авиона-ловци од петтата генерација Су-57 до 2020. година, но во 2018. година беа изнесени претпоставки дека ловецот од петтата генерација брзо ќе застари и „нема да се купува масовно во интерес на Воздушно-космичките сили“.

Погледнете ги сите тајни на ловецот од петта генерација Су-57

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња