Министeрството за одбрана на Русија се откажа од набавка на снајперската пушка „Точност“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руското Министерство за одбрана се откажа од набавка на снајперскиот комплекс „Точност“, соопшти за интернет-порталот „Интерфакс“ добро информиран извор.

„Снајперскиот комплекс „Точност“ нема да биде усвоен во вооружувањето на Министерството за одбрана, поточно нема да има набавка“, рече соговорникот на „Интерфакс“. Според неговите извори, замената на сите елементи од странско потекло кои се наоѓаат во пушката во моментов е нецелесообразно.

Неодамна бившиот генерален директор на „ЦНИИточмаш“ Дмитриј Семизоров изјави дека Министерството за одбрана на РФ по 2020 година планира да го усвои во вооружувањето новиот снајперски комплекс „Точност“. „Во Министерството за одбрана усвоија строги барања кои се поврзани со потребата за набавка на снајперско оружје кое ќе биде лишено од странски компоненти. Во овој момент се работи на комплетирање на опремата која ќе овозможи од 2020 година комплексот во целост да биде од домашно потекло“, изјави Семизоров за новинарите во април 2017 година.

Во меѓувреме оваа снајперска пушка во своето вооружување ја усвоија припадниците на Федералната служба за обезбедување, Росгвардија и Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Руските конструктори во овој момент работат на развој на перспективниот снајперски комплекс „Уголек“.

Прочитајте повеќе: Точно во целта: Што претставува новиот снајпер?