Вака со руски ретро мотоцикл „Урал“ се преминува река (ВИДЕО)

Со распадот на СССР без згаснати многу проекти на советски мотоцикли, но не и „Урал“. Погледнете зошто.

„Урал“ е единствената руска марка тежок мотоцикл која настана во Советскиот Сојуз. Се произведува во Ирбитската фабрика за мотоцикли (ИМЗ) отворена 1942 година во градот Ирбит (30000 жители), во Свердловската област на границата меѓу Европа и Азија.

Со распадот на СССР без згаснати многу проекти на советски мотоцикли. Единствен исклучок беше Ирбитската фабрика за мотоцикли. Оваа компанија си го најде своето место на пазарот и почна да ги извезува своите мотоцикли, а од друга страна да увезува делови од западните земји, што придонесе за подобар квалитет. Во текот на 2010 година само 3% мотоцикли беа продадени во Русија и Заедницата на независни држави, додека 97% беа извезени во САД, ЕУ, Канада и Австралија.

Дали знаевте дека Садам Хусеин во 2002 година нарача 2000 „Урали“ со приколка за своите мобилни воени единици? Макар што мотоциклите официјално беа продадени на ирачките министерства за здравство и земјоделие.

Прочитајте повеќе за легендарниот „Урал“: Руски мотоцикл кој ги воодушеви Американците и Садам Хусеин

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња