Специјалната верзија е наменета за љубителите на мотоцикли кои уживаат во авантури надвор од патиштата.
Руската компанија „Урал“претстави нов мотоцикл со приколка под називот Air Limited Edition кој за разлика од претходните верзии е опремен со специјалниот дрон DJI Spark со камера за снимање на патувањето по беспаќа и систем за мониторинг на ветрот кој овозможува да се добие информација од воздух и да се одбере оптималниот пат.
Квадрикоптерот-извидник е сместен во предниот дел на приколката во касета со капак кој се отвора со притискање на соодветната дирка. Конзолата за управување со дронот со екранот се наоѓа во носачот прицврстен на таблата. Патникот во приколката ја презема улогата на навигатор и управува со дронот и ја планира рутата од птичја перспектива. Во опремата спаѓа и УСБ приклучок за полнење на уреди, апарат за мерење на силината и правецот на ветрот при лансирањето на дронот, како и стап за правење селфи. Тука се и дополнителните фарови за магла, резервно тркало, канистер, сет алатки и лопатка.
Новиот мотор Ural Air технички остана непроменет, во САД и Канада (главниот пазар за мотоциклите „Урал“) ќе чини 18000 долари, а ќе се произведува во ограничен тираж од 40 примероци. Опремен е со двоцилиндричен мотор од 749 кубици кои развива 41 КС и 52 Нм момент на вртежи. Моторот е со петбрзински менувач (четири предни и една задна). Поради малиот број примероци на официјалниот сајт на Ирбитската фабрика за производство на мотори е можна онлајн резервација на мотоциклот со депозит од 500 долари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче